Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

09.09.2014 По вчерашната акција за сузбивање на криумчарење мигранти
Кривични пријави за шестмина македонски државјани кои сакаат да прокриумчарат 30 илегални мигранти

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, поднесена кривична пријава против шест македонси државјани, поради постоење на основано сомнение дека се сторители на кривично дело “Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење миграти“ предвидено и казниво по чл.418-в ст.1  и 2 и “Криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-б став 2 и став 4 вв ст.1 од КЗ на РМ.

Наедно, од страна на Судијата на претходна постапка, на кривично пријавените Џ.С. (23), Е.И.(27), Ќ.Б.(45), Д.Ј. (26) и А.А.(30), им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека првопријавениот Е.С. (33), е сеуште недостапен.

Имено овие шестмина - Е.С., Џ.С., Е.И., Ќ.Б., Д.Ј. сите од Скопје и А.А.(30) од Куманово и уште две НН лице, во организација на првопријавениот, за одреден паричен износ, прифатиле поголема група илегални мигранти, на погодна локација кај “Валандовско Брдо“, од каде и се обиделе да ги транспортираат преку Струмица и Радовиш, до подрачјето на Куманово, со цел нивно понатамошно криумчарење преку Р.Србија кон некоја од земјите на ЕУ.

Според документираните сознанија од истрагата завчера (07.09.) пријавените оствариле средба на бензиската пумпа “Макпетрол“, лоцирана на автопатот Скопје - Велес, пред наплатна рампа Петровец. На бензиската лицата се прегрупирале, така што, Е.С.  управувал ПМВ “Ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, НН лице управувало ПМВ “Ауди А4“ со гостиварски регистарски ознаки, Д.Ј. управувал ПМВ “BMW 520“ со скопски регистарски ознаки (во кое биле и пријавените Џ.С., Ч.Б. и Е.И., а ПМВ било во сопственост на првопријавениот Е.С.) и второт НН лице кое управувало ПМВ “BMW 530“ со непознати регистерски ознаки - постар модел и сите заедно се упатиле во правец кон Гевгелија.

На погодна локација на Валандовско Брдо, застанале и ги прифатиле илегалните мигранти, при што по налог на Е.С. 30 мигранти (од Сирија, Пакистан и Сомалија) биле распоредени во постариот тип на BMW, во “Ауди А4“ и во ПМВ “Фолксваген Голф“ со кумановски регистарски ознаки и веднаш се упатиле во правец кон Струмица. Пред Струмица истите завртеле и продолжиле кон Радовиш.

Согласно претходно изготвен план, на неколку пункта беа поставени полициски службеници заради вршење на контрола на возилата за кои постоеја индиции дека во нив се транспортираа мигрантите. Околу 22,00 часот завчера на патниот правец од Струмица кон Радовиш, од страна на униформирани полициски службеници од РЦ „Југ“, направен е обид да бидат сопрени пет патнички возила меѓу кои едно „БМВ“, две возила „Ауди“, еден „Фолксваген Голф“, сите со скопски регистерски ознаки, како и едно возило по кое сеуште се трага. Наместо да постапат по полициската наредба и да застанат, лицата кои ги управувале наведените возила се дале во бегство. Од страна на еден полициски службеник биле испукани неколку куршуми во воздух за предупредување, по што едно од возилата скршнало кон патролата веројатно со намера да ги заплаши и прегази полициските службеници, доведувајќи ги во опасност. Еден од полициските службеници испукал кон возилото за да го оневозможи и го погодил во багажникот. При тоа е погодено едно лице, илегален мигрант, кој бил сокриен во багажниот простор. Ова било утврдено откако возилата биле сопрени на следниот поставен пункт во непосредна близина на клучката за Радовиш.

Имено едно возило било напуштено и оставено на половина километар од инцидентот, две од возилата имале меѓусебен судар во близина на следната контрола, едно возило било сопрено од полицијата, а петтото по кое се трага успеало да побегне. Илегалниот мигрант кој бил повреден е пренесен во УЦ-Скопје, каде му е констатирана огнострелна рана.

При, акцијата се откриени и приведени вкупно 30 илегални мигранти со потекло од Сирија, Сомалија и Палестина, меѓу кои имало и шест малолетници на возраст од 5 до 13 години кои се сместени во Транзитниот центар за странци во Скопје.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk