02.09.2014 Вчера во печките на “Југохром“
Уништени 997 стебла “канабис сатива“
Вчера (01.09.) во печките на фабриката „Југохром Фероaлојс“ во тетовско Јегуновце, беа уништени вкупно 997 стебла „канабис сатива“.
Уништените стебла, на 12-ти, 18-ти и 23-ти минатиот месец биле пронајдени на три различни локации во Тетовско. Во атарот на Селце, полициски службеници на СВР Тетово пронашле и искорнале 22 стебла, во Фалише 160 стебла и во месноста „Ѓусијал“, во близина на Требошкиот канал, 815 стебла.
Уништувањето на стеблата го организираше и следеше четиричлена Комисија на СВР Тетово, во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, а присуствуваа и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Назад