Казнети 861 учесници во сообраќајот, 37 возачи управувале под дејство на алкохол
Сообраќајни контроли на подрачјето на град Скопје
Во периодот од 08.08 до 14.08 2014 СВР Скопје при спроведување на зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 861 учесник во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот. Кај 37 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 58 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 35 возачи, кај 34 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 92 возачи управувале возила со над дозволената брзина, и 82 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место, изречени се 12 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 37 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 20 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 264 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање на првенство на минување на пешаци изречени се 7 прекршоци, за непрописно престројување изречени се 2 прекршока, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 8 прекршоци, за непрописно престигнување изречени се 6 прекршоци, кај 1 возило е утврдена техничка неисправност и со пајак службата подигнати се вкупно 280 возила.
СВР Скопје и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.
Назад