Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

16.08.2014 СВР Скопје
Уапсени три лица сторители на џебни кражби

СВР Скопје поднесе кривични пријави до ОЈО-Скопје против лицата Џ.Д.(45) од Скопје и двајца Бугарски државјани Н.И.И.(21) и И.Н.К.(40), поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „кражба“ предвидено и казниво согласно чл.235  ст.1 од КЗ на РМ. Од страна на судија во претходна постапка, на Џ.Д. одредена му е мерка притвор во траење од осум дена, додека на двајцата бугарски државјани одредена им е мерка, една година казна затвор за три години условно и протерување на странски државјани во траење од пет години.

Во првиот случај пријавениот Џ.Д. со намера за себе да прибави противправна имотна корист, извршил две кривични дела „кражба“ со што причинил материјална штета од 7.000 денари и се стекнал со имотна корист од 5.000 денари. Имено на 08.08.2014 година околу 11,30 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, поточно на автобуската постојка кај Жена Парк, при качување во автобус на ЈСП бр.57 кој се движел на релација од Бит Пазар кон Центар искористувајќи ја гужвата при качување во автобусот пријавениот од едно лице со протнување на рака во предниот десен џеб од неговите пантолони, успеал да му украде мобилен телефон марка Алкател. По извршувањето на кражбата без да биде забележан од некого, повторно се качил во автобус на ЈСП бр.57 кој се движел кон автобуската постојка Рекорд лоцирана на ул.„Димитрија Чуповски“ и извршил уште една кражба на тој начин што искористувајќи го невниманието и гужвата во автобусот, при симнување од автобус на оштетената успеал да и ја откопча ташната и со протнување на рака да украде еден женски паричник во кој имало една здравствена електронска картица, една картица ВИЗА, 1.000 денари и една фотографија. Пријавениот Џ.Д. непосредно по извршувањето на втората кражба и симнувањето од автобусот на автобуската постојка Рекорд, бил забележан од страна на инспектори од Отсекот за џепни кражби при СВР Скопје кои биле во наведениот автобус, по што истиот е легитимиран при што кај него се пронајдени украдените предмети, пријавениот е лишен од слобода и приведен. Со потврда за привремено одземени предмети, одземени се украдените предмети и истите со потврда за вратени предмети се вратени на оштетените.

Лицето Џ.Д. е познат сторител на кривични дела од областа на имотни деликти и против истиот од страна на СВР Скопје му се поднесени вкупно 20 кривични пријави за кривични дела „кражба“, „кражба во обид“, „тешка кражба“ и „фалсификување на исправа“.

Во вториот случај пријавените Н.И.И. и И.Н.К. со намера да за себе да прибават противправна имотна корист на ден 13.08.2014 година околу 12,00 часот дошле во Скопје поточно во централното градско подрачје со цел да вршат џебни кражби, при што причиниле матријална штета од 500 денари а се стекнале со противправна имотна корист од 150 денари. Згодната прилика им се укажала околу 15,00 часот во непосредна близина на Бит Пазар, при што искористувајќи ја гужвата на една од тезгите додека оштетената пазарела, И.Н.К. се турнала во неа, а Н.И.И. искористувајќи ја створената гужва и нејзиното невнимание, најпрво успеал да ја откопча ташната која ја носела на рамо и со протнување на раката го украл паричникот во кој имало 150 денари, една слободна месечна карта од ЈСП, една лична карта и една дебитна картица. Бидејќи, пријавените биле забележани од инспектори од Отсекот за џепни кражби при СВР-Скопје, непосредно по извршувањето на кражбата истите биле легитимирани и кај нив е пронајден украдениот паричник по што се лишени од слобода и приведени. Со потврда за привремено одземени предмети од Илија е одземен паричникот и истиот со потврда за вратени предмети е вратен на оштатената.

 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk