Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

Продолжува реализацијата на превентивниот проект „Превенција од имотни деликти“
Одделение за превенција при СВР Скопје

 

Вчера (13.08.2014 година) со почеток во 12.00 часот,  во ТЦ Сити Мол во населба Карпош, Одделението за превенција при СВР Скопје продолжи со превентивнте активности за реализација на  проектот „Превенција од имотни деликти“. Активностите се реализираа во соработка со ТЦ Сити Мол, каде во  холот на трговскиот центар беше поставен информативен пулт за проектот „Превенција од имотни деликти“. Основна цел на проектот е да се зголеми информираноста на граѓаните, подобрување на безбедносната  состојба  на територијата на Градот Скопје, со што ќе се придонесе за зголемено чувство на сигурност на граѓаните, соработка и зголемена доверба на граѓаните во полицијата. Активностите се реализираа на начин што на информативниот пулт полициски службеници остваруваа контакти со граѓаните, ги информираа за  појавата на провални кражби во куќи, станови, деловни простории, возила и други објекти со цел намалување на истите и подигнување на свеста кај граѓаните и преземање на мерки  за  самозаштита од провални кражби. По краткото укажување за целта на кампањата на граѓаните им беше поделен пропаганден материјал. Активностите ќе продолжат во текот на целиот лететен период на подрачјето на Град Скопје. 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk