Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

12.08.2014
Демант во врска со текстот објавен во Дневник

Министерството за внатрешни работи би сакало да го демантира текстот „Изречени првите казни за сопственици на кучиња“ од новинарот Анела Петрова во денешниот број на “Дневник” во делот: “Жителите на Аеродром раскажаа дека вчераутро виделе граѓанин со куче од расата самојед, кое го шетал врзано со подводник, но без маска, па тројца полицајци го запреле и му пишале казна”, бидејќи тоа не соодветствува со фактичката состојба. Имено, МВР од произнесувањето по барањето од Здружението за заштита на животни “Анима Мунди”, на подрачјето кое го покрива ПС Аеродром, нема пишано ниту една прекршочна пријава. Согласно договореното со Анима Мунди, полициските службеници на терен делуваа единствено превентивно и до 11.08.2014 година беа изречени само шест усмени предупредувања.

За да не се створи погрешен впечаток, повторно би сакале да ви укажеме дека прекршочните пријави за кои ве информиравме се поднесени во првите шест месеци од годинава кога имавме и четири случаи во кои граѓани беа нападнати, односно каснати од кучиња.

МВР постапувало и ќе постапува согласно позитивните законски прописи насочувајќи ги своите напори претежно во делот на превентивното работење за сметка на репресивното. Во тој контекст наш приоритет ќе бидат предупредувањата и опомените, а не санкционирањето и дека целта на овој Закон е зголемување на безбедноста на граѓаните особено на најмладите и заштита на нивното здравје.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk