Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

09.08.2014
Jaвен конкурс

Врз основа на член 262 став (1) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“) број 54/2007, 86/2008, 98/2008, 64/2009, 161/2009, 36/11, 51/11, 114/12 и 27/14) и член 57 од Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити и критериумите во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на испитните центри, водењето на евиденциите во врска со спроведените возачки испити и за формата и содржината на лиценцата за испитен центар („Службен весник на Република Македонија“ број 103/07, 150/07, 127/09, 80/10, 46/11, 90/12, 19/14 и 74/14), Министерството за внатрешни работи распишува


                                                      Ј А В Е Н    К О Н К У Р С
                     ЗА ИЗБОР НА ПРАВНО ЛИЦЕ ЗА ДОБИВАЊЕ ЛИЦЕНЦА ЗА                                                             ИСПИТЕН ЦЕНТАР - БИТОЛА
         

    I. Право на учество на јавниот конкурс за избор на правно лице за добивање лиценца за Испитен центар - Битола (во натамошниот текст: „јавен конкурс“) има секое правно лице, кое ги исполнува условите предвидени во член 263 став (1) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ број 54/2007, 86/2008, 98/2008, 64/2009, 161/2009, 36/11, 51/11, 114/12 и 27/14), како и следните критериуми утврдени во Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити и критериумите во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на испитните центри, водењето на евиденциите во врска со спроведените возачки испити и за формата и содржината на лиценцата за испитен центар („Службен весник на Република Македонија“ број 103/07, 150/07, 127/09, 80/10, 46/11, 90/12, 19/14 и 74/14):


 1. Просторни и материјално-технички капацитети
- Испитниот центар-Битола треба да поседува простории и материјално-технички капацитети потребни за вршење на работите на организирање и спроведување на возачки испит за кандидат за возач и проверката на стручноста на возач-инструктор, во сопственост на Испитниот центар-Битола или под закуп.
- во седиштето на Испитниот центар-Битола треба да има соодветни простории за административно работење на референтите и испитните комисии и другите вработени во Испитниот центар-Битола.
 - пријавувањето на возачкиот испит кандидатите треба да го вршат во посебни простории за пријавување (пријавни места) во Испитниот центар-Битола или во неговата подружница, кои можат да бидат во сопственост на Испитниот центар-Битола или под закуп.
  - во седиштето на Испитниот центар-Битола и во неговите подружници  треба да има соодветни простории за изведување на теоретскиот дел од возачкиот испит во сопственост на Испитниот центар-Битола или под закуп, кои обезбедуваат услови за спроведување на теоретскиот дел од возачкиот испит за најмалку 30 кандидати за возачи и да ги исполнуваат критериумите согласно прописите од областа на образованието и воспитанието, а во просториите треба да биде поставена и опрема за аудио и видео надзор која овозможува аудио и видео записи на спроведувањето на теоретскиот дел од возачкиот испит.
- Испитниот центар-Битола задолжително треба да има уреден простор за изведување на првиот практичен дел од возачкиот испит (полигон) во сопственост на Испитниот центар-Битола или под закуп, што обезбедува услови за непречено спроведување на возачкиот испит и да има важечко одобрение за оспособување на кандидатот за возач од Министерството за внатрешни работи во согласност со Министерството за транспорт и врски.
- Испитниот центар-Битола треба да обезбеди моторни возила од сите категории и поткатегории во негова сопственост или под закуп, опремени за спроведување на практичниот дел од возачкиот испит.

2. Стручен кадар
Испитниот центар-Битола треба да има стручен кадар согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ број 54/2007, 86/2008, 98/2008, 64/2009, 161/2009, 36/11, 51/11, 114/12 и 27/14).

3. Организација на работа
За извршување на работите на организирање и спроведување на возачкиот испит за кандидат за возач, Испитниот центар-Битола треба да има:
- раководител на испитниот центар;
- испитни комисии;
- контролор на работата на испитните комисии;
- референти за пријавување на возачки испит, зависно од бројот на пријавни места;
- стручни лица-членови на комисијата за проверка на стручноста на возачите-инструктори;
- друг технички персонал.

4. Информатичка опрема за вршење на работи

- Испитниот центар-Битола треба да поседува соодветна информатичка опрема и посебна софтверска апликација што овозможува воспоставување и водење единствена база на податоци за спроведување на возачкиот испит, документацијата, стручната анализа и стручниот надзор.
- Испитниот центар-Битола треба да има и пристап за користење на апликацијата за спроведување на електронско полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит и интернет конекција за седиштето на Испитниот центар-Битола и подружниците од минимум 1 mb/s, наменета исклучиво за електронско полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит.

5. Испитни комисии
    
Минималниот број на испитни комисии за Испитен центар-Битола изнесува три испитни комисии.

         II. Учесниците на јавниот конкурс треба да достават пријава и документи за исполнетоста на условите од делот I на овој јавен конкурс, во рок од 20 дена од денот на објавување на јавниот конкурс, до Министерството за внатрешни работи, Димче Мирчев бр. 9 Скопје, 1000.     

III. Изборот на правно лице кое ќе добие лиценца за Испитен центар-Битола ќе се изврши од пријавените учесници на јавниот конкурс кои ги исполнуваат условите од делот I на овој јавен конкурс, од страна на Комисија на Министерството за внатрешни работи формирана согласно член 58 од Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити и критериумите во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на испитните центри, водењето на евиденциите во врска со спроведените возачки испити и за формата и содржината на лиценцата за испитен центар („Службен весник на Република Македонија“ број 103/07, 150/07, 127/09, 80/10, 46/11, 90/12, 19/14 и 74/14).

IV. Во рок од 15 дена од спроведување на изборот на правното лице, Министерството за внатрешни работи ќе го овласти Испитниот центар-Битола на територијата на Република Македонија согласно организацијата на соодветната организациска единица-Сектор за внатрешни работи на Министерството и тоа: Испитен центар со седиште во Битола.

                     МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ


Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk