Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

05.08.2014
МВР поднесе кривични пријави против две лица

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против В.С.(27) од Скопје и Б.Л.(23) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. Имено на 03.08.2014 година, околу 19,00 часот, на Градскиот стадион во Битола за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Пелистер“ и ФК „Вардар“, поголема група од навивачката група „Комити„ меѓу кои бил и првопријавениот, физички  нападнале полициски службеници кои биле задолжени за обезбедување на фудбалскиот натпревар. Од страна на судија во предходна постапка на првопријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена. Второпријавениот се товари дека при крајот на второто полувреме, околу 19,20 часот, откако настанале нарушувања на јавниот ред и мир на стадионот, се доближил до полициски службеник и без повод и причина со ногата го удрил во левата подлактица, нанесувајќи му лесни телесни повреди, констатирани од доктор-ортопед во Клиничка болница Битола. Истиот е изведен пред надлежен Судија на претходна постапка и му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.. МВР во соработка и координација со надлежното ЈО продолжува да работи на целосно расчистување и документирање на сите кривично-правни настани, односно инциденти регистрирани за време на фудбалскиот натпревар.

Инаку, само во првите шест месеци од годинава беа регистрирани 19 случаи на нарушен јавен ред и мир пред, за време и по завршување на спортски натпревари, од кои на подрачјата на СВР Скопје-11, СВР Охрид и Штип-по три и два на подрачјето на СВР Тетово. По осум од инцидентите се регистрирани за време на фудбалски и кошаркарски натпревари, а три  на  ракометен натпревар. За време на инцидентите во физичка сила е употребена во 11 случаи, во пет случаи се фрлени тврди предмети и во по еден случај се употребени пиротехнички средства, омаловажувани полициски службеници и влегување на терен. Од ваквото однесување повредени се 12 лица, од кои четворица навивачи, четворица полицајци, три физички лица и еден тренер, а оштетени се автобус, воз, полициско возило, куќи и други предмети.

Од преземените мерки во првото полугодие, Министерството за внатрешни работи поднесе две кривични пријави против осум сторители за сторени две кривични дела „насилство“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Покрај ова, на 27 лица учесници во инцидентите им се издадени 27 платни налози за сторени прекршоци од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари и ЗППЈРМ.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk