Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

31.07.2014 ПС Струга
Кривична за двајца нарко-дилери од струшко

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело – “неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ полициската станица од Струга до надлежното ОЈО поднесе кривични пријави против А.С. (25) од струшкото село Велешта и С.У.(28) од струшката населба Теферич.

Завчера, односно на 29-ти овој месец, при преглед на чанта сопственост на второпријавената С.У. пронајдени се вкупно шеснаесет опаковки со опојна дрога хероин завиткани во жолта најлонска фолија а наменети за натамошна продажба на наркозависници од Струга и Охрид. Прегледот е извршен околу 18 часот по претходни оперативни сознанија дека С.У. во близина на хотел во центарот на Струга остварува контакт со наркозависници и врши препродажба на хероин.

С.У. секојдневно остварувала контакт со првопријавениот А.С. од кого редовно добивала по 20 опаковки со хероин по што таа телефонски со наркозависници договарала место за продажба и преземање на дрогата. Парите од продажбата потоа му ги предавала на А.С. за што добивала по 1.000 денари независно од бројот на продадените опаковки хероин. При извршен претрес во домот на А.С. а по наредба на Основниот суд во Струга, пронајдена е една дигитална вага и испратена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk