Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

24.07.2014
Управител на ФОД Дооел Новаци АД ЕЛЕМ ја оштетил компанијата за 7.060.727 денари

ОСОСК при МВР по претходно спроведена истрага, поднесе kривична пријава до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје против лицето А.П. (37) од Битола, вработен во Фабрика за опрема и делови ФОД Дооел Новаци АД ЕЛЕМ Скопје, за сторено кривично дело - “злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 ст.5 од КЗ.

Пријавениот, во својство на службено лице - управител на Фабрика за опрема и делови ФОД Дооел Новаци АД ЕЛЕМ Скопје, односно како одговорно лице во наведниот договорен орган, со искористување на својата службена положба и овластување, а во врска со постапка за доделување на договор за јавна набавка, по објавен јавен оглас од април 2012 година - за набавка на гумени елементи за валци - спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и условите на објавениот оглас, на 11.09.2012 година склучил Рамковен договор со “Технопродукт“ Дооел Гевгелија.

Иако предметната постапка за јавната набавка била обжалена и не била завршена, а Државната комисија за жалби по јавни набавки со Решение од 31.10.2012 година ја поништила набавката, пријавениот А.П., наместо да го раскине незаконски склучениот договор, со пречекорување на границите на своето службено овластување, дозволил да се изврши реализација (испорака на стоки) по основ на склучениот договор, со што нанел штета на “ФОД“ Дооел НовациАД ЕЛЕМ Скопје во вкупна вредност од 7.060.727 денари, со што сторил кривично дело – “злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл.353 ст.5 од КЗ.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk