Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

12.07.2014 СВР Скопје
Кривична пријава за двајца скопски нарко дилери

Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР-Скопје, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје ги предаде лицата С.Н. (28) и  М.И. (35) двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело – “недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ.

Имено, пријавените на почетокот на месецов неовластено, заради понатамошна препродажба, од непознато лице  набавиле и држеле кај себе неодредена количина наркотична дрога – марихуана. Врз основа на наредби од Судија во претходна постапка од ОСС-1,  извршени се претеси во домовите на пријавените  при што во домот на С.Н. пронајдени, одземени и доставени на вештачење се: една дигитална вага и 62,35 грама наркотична дрога –марихуана, а во домот на М.И. пронајдени, одземени и доставени на вештачење се: 36,6 грама наркотична дрога –марихуана. Од страна на судија во претходна постапка на двајцата пријавени лица им се изречени мерка притвор во траење од 30 денови.

Инаку, во изминатиот временски период против М.И. од страна на СВР-Скопје поднесена е една кривична пријава за сторени кривични дела – “фалсификување исправа“ за што од страна на Оптински суд Скопје 2 изречена му е казна затвор  во траење од четири месеци

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk