Отсекот за превенција при СВР Велес, ПС Кавадарци и ПО за БПС Кавадарци превземаа мерки и активности на превентивен план согласно согледувањата на безбедносната состојба во врска со регистрирани сообраќајни несреќи во периодот на летните одмори, при што според анализите и статистиката како најчеста причина за несреќите се заморот на возачите или неприлагодената брзина спрема условите на патот.
Така вчера (09.07.) на патниот правец А-1 Градско-Прилеп, полициски службеници од ПС Кавадарци и инспектор по превенција, покрај останатите активности, на возачите кои беа контролирани, им укажуваа усмено, и им даваа флаери со содржини за заморот и брзината како причинители на катастрофални сообраќајни несреќи.
Целта на акцијата е подигање на сообраќајната свест и култура кај возачите, во врска со почитување на сообраќајните правила и прописи воопшто и испраќање порака до сите учесници во сообраќајот дека прекршоците поврзани со неприлагодената брзина спрема условите на патот и возењето под замор се едни од најчестите причинители на тешките сообраќајни несреќи на патот особено за време на патувањата за годишни одмори.
Акцијата ќе продолжи до крајот на летниот период и тоа на патните правци А1 Градско-Прилеп ,Р1-103 Кавадарци – Неготино, Р1-107 Кавадарци-Росоман и Р1-103 Кавадарци-Мотел Дреново.