Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

27.06.2014 Регионален центар за гранични работи Север
Откриени 22 илегални мигранти од Сирија, Алжир, Коморе, Бангладеш, Авганистан, Сомалија, Египет...

Регионалниот центар за гранични работи Север до ОЈО за организиран кримина и корупција поднесе кривична пријава против Д.И. (47) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – “криумчарење мигранти“ казниво по член 418-б став 2 и став 4 од Кривичниот Законик на Р.Македонија.

Имено, вчера (26.06.) во 02,55 часот од страна на УПС од Мобилната единица за БПС на автопатот Велес – Скопје, на клучката кај Катланово сопрено е ТМВ марка „Форд транзит“ со струшки регистарски таблички сопственост на А.К., а управувано од пријавениот Д.И.

При контролата на возилото, во просторот за  товар беа пронајдени 22 лица илегални мигранти, илегално влезени во Р.Македонија и тоа: четворица државјани на Сомалија, четворица државјани на Коморе, шестмина државјани на Сирија, тројца државјани на Авганистан, по две лица државјани на Бангладеш и на Брегот на Слоновата Коска, како и едно лице државјанин на Египет. Откриените лица илегални мигранти се на возраст 17 до 40 години а меѓу нив две лица се жени.

Од извршениот службен разговор со возачот на возилото истиот појаснил дека вчера околу 01,00 часот, по претходно добиени насоки од негов пријател, а за надомест од 500 евра (кои требало да ги добие по завршената работа) Д.И. се упатил со ТМВ марка „Форд транзит“ по автопатот од ГП „Богородица“ за Скопје и во непосредна близина на бензиската пумпа на „Макпетрол“, до казиното „Принцес“ застанал со возилото и во него  ги качил 22 илегални мигранти.

Од извршениот разговор, пак, со мигрантите, истите изјавиле дека пеш илегално ја поминале државната граница од Р.Грција во Р.Македонија во близина на ПС за ГП „Богородица“, со помош на непознато лице, државјанин на Пакистан, за што на истиот му платиле поединечно, различни суми на пари од 200 до 800 евра.  Потоа се упатиле до местото од каде требало да бидат земени со ТМВ, односно до возилото кое било управувано од пријавениот. По ова Д.И. се упатил со возилото кон Скопје, а потоа намерата била мигрантите од Македонија преку Р.Србија да продолжат во европските земји.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk