Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

16.06.2014 На подрачјето на СВР Скопје и СВР Битола
Во сообраќајни контроли во Скопје и Битола санкционирани 425 учесници во сообраќајот

СВР-Скопје за време на викендот спроведе зајакната сообраќајна контрола при што од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 349 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Кај 60 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 34 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 31 возач, кај седум лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 20 возачи  управувале возила со над дозволената брзина, а 14 возачи  управувале возило со над 90 км на час во населено место.

Изречени се четири прекршоци за некористење на сигурносен појас, 10 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 19 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 74 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање на првенство на минување на пешаци изречени се два прекршока, еден прекршок за непрописно престигнување, утврдена е техничка неисправност кај две патнички моторни возила и со пајак службата подигнати се вкупно 83 возила.

Освен во Скопје акциска контрола во текот на викендот беше спроведена и на подрачјето на СВР Битола при што вкупно беа контролирани 242 возачи.

Кај 175 возачи извршени се  алкотестирања од кои утврдено е присуство на алкохол кај 20 возачи. Вкупен број на исклучени возачи од сообраќај е 20 додека пак бројотна одземени возачки дозволи 18. Издадени се вкупно 20 платни налози и 16 мерки по останати прекршоци.

Министерството за внатрешни работи и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.    

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk