Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

10.06.2014 Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро
Езерската полиција ги пронајде и спаси трите малолетници заталкани со педалина во Охридското езеро

Три малолетни лица безбедно се извлечени од водите на Охридското езеро и вратени на копно во акцијата на полициската станица за граничен надзор Охридско езеро. Акцијата е извршена вчера околу 16 часот во езерските води во близина на хотелот „Бисер“ на струшкото крајбрежје.

Малолетниците се наоѓале во изнајмена педалина која невремето и силниот ветер неконтролирано ја носеле кон албанските територијални води.

Езерската патрола изврши итно пребарување на езерскиот квадрант, и на околу 1,5 километри од езерскиот брег наспроти хотелот „Бисер“ ја забележа педалинката и трите малолетници.
Поради големите бранови, тие биле видно вознемирени и не можеле да ја управуваат и контролираат педалинката што претходно ја изнајмиле пред хотелот „Дрим“ во Струга.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk