Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

08.06.2014
Пронајдено оружје во домот нa познат насилник

Единицата за недозволена трговија со оружје при СВР Скопје, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде З.Т.(50)  од с. Горно Оризари, скопско, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Недозволено изработување, држење и трговија со оружје и распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ на РМ, при што од страна на судија во претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. Имено, врз основа на претходно оперативно сознание дека пријавениот во својот дом има огнено оружје и муниција без соодветна дозвола, од страна на полициски службеници од Единицата, а врз основа на наредба од Основен суд 1 Скопје,  извршен е претес при што се пронајдени, одземени и доставени на вештачење : една автоматска пушка кал. 7,62 мм, две рамки за автоматска пушка, два куршуми  кал 7.62  и три ловни патрони кал 12 мм.
Против пријавениот и претходно се поднесувани кривични пријави за сторени кривични дела “Тешка телесна повреда” по член 131 од КЗ на РМ и “Загрозување на безбедноста на сообраќајот” по член 297 од КЗ на РМ.


Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk