Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 


Реакција на денешната изјава на СДСМ во Ѓорче Петров

Социјал-демократскиот сојуз преку денешната изјава на нивните советници, повторно се стави во одбрана на вандалското и насилничко однесување, неаргументирано напаѓајќи ги институциите и полициските службеници кои се обидуваа во Ѓорче Петров да го одржат јавниот ред и мир и безбедноста на сите граѓани.
Без разлика во која форма од партијата ќе се обидат да најдат оправдувања за дивеењето на поединци, каменувањето и палењето, видео-материјалите од испадите на поединци јасно укажуваат дека партијата вообичаено ја бира погрешната страна. Страната која промовира анархија, насилство и пресметки со полициските службеници на терен.
Дилемата на СДСМ дали полицијата ги пречекорила овластувањата е неточна и има цел да продолжи да ги подгрева страстите и да предизвика недоверба и нови инциденти. Вистината е дека не само што немаше 50 повредени(како што известуваа некои портали блиски до партијата), филувајќи ја веста со неможност да им се понудела лекарска помош, туку немаше ниту 10 повредени жени и деца, како што подоцна се корегираа. Веќе следниот ден беше јасно дека нема ниту еден повреден и дека сите овие тврдења се фабрикувани во нечија канцеларија. СДСМ ќе мора своите лаги и манипулации да ги соочи со вистината дека ниту еден граѓанин не се пожалил на повреди, ниту упатил претставка за пречекорување на овластувањата.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk