Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

22.05.2014
Одговор по претставката на новинари на Нова, Фокус и Слободна Европа

Откако Министерството за внатрешни работи, јавно на прес конференција, одржана уште вечерта на 20.05.2014 година ги повика новинарите да поднесат пријава за објавените наводи за попречување во работата при следењето на протестите во Општина Ѓорче Петров, истите следниот ден во попладневните часови, поднесоа претставка во однос на постапувањето на лица кои се претставиле како полициски службеници, а според наводите во пријавата носеле „како маскирни униформи со црни заштитни елечиња“.

Веднаш по поднесувањето на претставката од три новинари, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди отпочна истрага за наводите искажани во неа.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, беше извршен службен разговор со тројца полициски службеници кои раководеа со Оперативниот штаб при Министерството за внатрешни работи задолжен за координирање на активностите во врска со обезбедувањето на протестите во Општина Ѓорче Петров. Извршен е службен разговор и со седуммина полициски службеници од Единицата за јавен ред и мир при СВР Скопје, како и Командантот на Единицата за брзо распоредување, неговиот помошник, командирот на чета и 21 припадник на единицата. За сите 34 извршени разговори, изготвени се соодветни службени белешки.

Постапувајќи по претставката, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди оствари увид и на интернет порталите во кои што работат пријавителите, односно „ТВ Нова“, „Радио Слободна Европа“ и „Фокус“.

Утврдено е дека од страна на Министерството за внатрешни работи, односно претпоставените старешини не постои никаква наредба за ограничување на движењето на претставниците медиумите, ниту пак забрана за снимање на протестите. Напротив, поради страв од можноста снимките или фотографиите да бидат искористени од полицијата при идентификувањето на насилните учесници во протестите, добиени се неколку усни поплаки од новинари на кои им биле упатувани закани и забрани од учесници во толпата.

Од извршените разговори со сите 34 полициски службеници кои учествувале во активностите на полицијата, не може да се утврди дека некој воопшто бил инволвиран во настан како што е наведен во претставката, односно одземање и бришење на снимен видео-материјал и фотографии.

Од остварениот увид на интернет порталите на ,,ТВ Нова‘‘, ,,Радио Слободна Европа‘‘ и ,,Фокус‘‘ за ден 21.05.2014 година, утврдено е дека во порталот на ,,ТВ Нова‘‘ евидира прилог од новинарот (подносител на претставката), насловен како ,,(Галерија) Бурна ноќ во Ѓорче Петров – што се случуваше вечерва‘‘ во кој низ десетици фоторгафии хронолошки се дадени случувањата во н.  Ѓорче Петров во временски период (според сопствените изнесени наводи во новинаркиот прилог), во временски период од 18,00 до 21,45 часот за ден 20.05.2014 година. На порталот на ,,Фокус‘‘ за ден 21.05.2014 година, евидираат два прилога од новинарот (подносител на претставката) едниот под наслов ,,Ексклузивни снимки од вечерашните инциденти и приведувања во Ѓорче Петров‘‘ (видео запис во траење од 5 минути), и прилог под назив ,,Галерија: Еве што се случуваше денеска во Ѓорче Петров‘‘, од настаните на ден 20.05.2014 год., во кој се опфатени различни периоди од случувањата за наведениот ден. На ,,Радио Слободна Европа‘‘ евидираат повеќе новинарски прилози за предметниот настан од кои еден под наслов „Ѓорче Петров“ судири, флеш бомби и 27 приведени‘‘ од новинарот (подносител на претставкат), поткрепени со фотографии.

Врз основа сите направени проверки не се обезбедени никакви докази во прилог на претставката која се пријавува. Секторот за внатрешна контрола им стои на располагање на пријавителите, навремено да достават дополнителни информации кои евентуално би помогнале во докажување на случајот и утврдување на вистината.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk