Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

21.05.2014
Реакција на реакцијата на СДСМ

Министерството за внатрешни работи жали што СДСМ не се извини и не изрази каење за нападите врз државните институции и одлучи без срам да продолжи да ги поддржува насилниците и хулиганите кои во Ѓорче Петров дојдоа да палат, кршат и каменуваат, а не мирно да го изразат револтот.

Не знаеме дали чувствуваат некаква одговорност кон вандалите, но таа не може и не смее да биде поголема од одговорноста која ја имаат кон граѓаните на Република Македонија и државните институции.

Се надеваме дека СДСМ ќе ја спознае грешката што ја прави и затоа на увид им ставиме дополнителни видеоматеријали. Веруваме дека со помош на овие снимки ќе увидат дека поддршка им е во погрешна насока и дека со своите настапи придонесуваат за разгорување на страстите и дополнително мотивирање на насилниците.

МВР очекува сите политички парти да го дадат својот придонес за смирување на тензиите и да им оддадат признание на органите на прогонот за ефикасно спроведената истрага за случајот.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk