08.05.2014 ГП “Богородица“
Бугарски државјанин се обидел да прокриумчари 2.579 кутии различни марки цигари
Денес (08.05.) околу 02,00 часот на излез од Р.Македонија на ПС за ГП и ГН Богородица со ТМВ марка “Мерцедес Спринтер“ со бугарска национална ознака се пријавил бугарскиот државјанин Ж.Б.С. (66). По добиени оперативни сознанија дека лицето врши криумчарење на стока, во содејство со царинските органи извршен е преглед и претрес на лицето и возилото, пришто во ТМВ Мерцедес во посебно направен бункер во кровната конструција од возилото пронајдени се сокриени 740 кутии цигари марка “LD црвено 100 S“, 720 кутии цигари марка “LD сино 100 S“, 200 кутии цигари марка “CODE’, 919 кутии цигари марка “EVA SLIM“, или се вкупно 2.579 кутии цигари.
Бугарскиот државјанин е лишен од слобода и предаден на ПС за ОН Гевгелија каде што е задржан. Против истиот е поднесена кривична пријава по брза постапка до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело “криумчарење“ по чл.278 од КЗ на РМ. Инаку во текот на оваа година, односно од 01.01. па заклучно со 01.05. годинава откриени и запленети се 26.980 кутии различни видови цигира.
Назад