Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

07.05.2014
Започна одбележувањето на “7-ми Мај“, Денот на македонската полиција

Со денешното положување на цвеќе пред споменикот на паднатите бранители припадници на МВР започна одбележувањето на  “7-ми Мај“, денот на македонската полиција. На пригодната церемонија која се одржа во Министерството за внатрешни работи цвеќе положија и челните луѓе на МВР, министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во придружба на директорите на Бирото за јавна безбеденост и Управата за контраразузнавање, г-динот Митко Чавков и г-динот Сашо Мијалков.

Инаку, покрај ова во текот на денот ќе се одржат низа манифестации во рамки на годинашново чествување на Денот на македонската полиција а централниот настан ќе се одржи во Центарот за обука на кадри во Идризово во 12 часот каде што свое пригодно обраќање по повод “7-ми Мај“ ќе има министерката Јанкулоска.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk