Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

01.05.2014 Отсек за превенција при СВР Велес
Трибини – “Безбедно користење на интернет“

Отсекот за превенција при СВР Велес завчера (29.04.) во ООУ Васил Гглавинов во Велес реализираше две трибини на тема – “Безбедно користење на интернет“.

Темата беше одбрана по барање од самите ученици и наставен кадар од ова училиште со оглед на се почестите злоупотреби на децата преку интернет каде што истите најмногу го поминуваат нивното слободно време.

Целна група на оваа трибина беа ученици од 7-мо и 8-мо одделение од ова училиште заедно со нивните наставници. На трибината учениците се запознаа со опасностите кои ги демнат при користењето на интернетот, особено на социјалните мрежи и кои мерки на заштита потребно е секој од нив да ги знае и превземе.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk