Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

10.04.2014 СВР Скопје
Кривично пријавен познат деликвент за “тешки кражби на дрзок начин“

СВР Скопје до надлежното ОЈО, поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (22) поради постоење основано сомнение дека сторил три кривични дела “тешка кражба на дрзок начин“ предвидено и казниво согласно чл.236 ст.1 т.3 од Кривичниот закон на Република Македонија, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 95 000 денари. Од страна на Судија во претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Пријавениот со намера да за себе прибави противправна имотна корист кривичните дела ги извршил на подрачјата на ПС ОН Карпош, ПС ОН Кисела Вода и ПС ОН Центар, и тоа две на почетокот на месецов (во временски период од два дена) и едно во минатиот месец. Кривичните дела ги извршувал на идентичен начин, насилно со употреба на физичка сила при што одземал во два случаи златни лачниња а во еден случај чанта.

Првото кривично дело го извршил на ден 21 минатиот месец околу 18,20 часот, на бул. „Франклин Рузвелт“ пред зграда бр.46, на тој начин што откако и се доближил на оштетената Р.Ч. од зад грб, насилно со употреба на физичка сила со влечење со рака од левата рака на оштетената и ја одземал торбата со натпис “Зегин“ (во која имало: една маица, еден фустан, паричник во кој имало 300 евра , 8.000 денари, три дебитни картици од Комерцијална банка и една неважечка картичка од Стопанска банка, трансакциона картичка од Комерцијална банка и лична карта на име на оштетената) со  што се стекнал со противправна имотна корист од околу  30.000 денари, по што избегал во правец на бул. “Партизански Одреди“.

Второто кривично дело го извршил на ден први овој месец околу 19,30 часот, на ул. “Виктор Иго“ во близина на стара “Рампа“ во Кисела Вода пред продавница “Да-ми“,на тој начин што откако оштетената Н.К. му се доближила пред продавницата пријавениот зборувајќи на мобилен телефон, во еден момент ја прашал нешто за да и сврти внимание, по што откако истата му одговорила, пријавениот насилно со употреба на физичка сила со влечење со рака од вратот и го одзел златното ланче со привезок по што избегал кон ул.„Невена Георгиева“. Со стореното кривично дело пријавениот се стекнал  со против правна имотна корист од околу  20.000 денари.

Третото кривично дело го извршил два дена подоцна односно на 03.04. околу 17.45 часот, на бул.„Метрополит Теодосиј Гологанов“ во близина на детската градинка “13-ти Ноември“ на тој начин што откако и се доближил на оштетената И.Н., пријавениот учтиво и се обратил односно ја прашал нешто оштетената, а  во тој момент друго непознато машко лице (кое било заедно со пријвениот) насилно со употреба на физичка сила со влечење со рака од вратот и одземал две златни ланчиња на кои имало два привезока по што избегале во правец на ,,АМСМ“, со  што се стекнале со противправна имотна корист од околу  45.000 денари.

На 04 овој месец во службените простории на ПС од ОН “Бит Пазар“ пријавениот М.Ѓ. е повикан и со истиот е извршен разговор. Истиот ден, по консултација со дежурен Јавен обвинител, пријавениот е задржан во ПСОН „Бит Пазар“ и во негово присуство од страна на оштетените извршено е класично непосредно препознавање каде оштетените со сигурност го препознале М.Ѓ.  како сторител на кривичните дела.

За извршеното препознавање од страна на Единицата за увид на местото на настанот изготвен е видео запис за ште е изготвено ЦД со снимен видео материјал. Инаку,  според евиденциите на МВР, М.Ѓ. евидентира како познат сторител на кривични дела од имотни деликти и против истиот се поднесени три кривични пријави и во еден случај изречена му е мерка Засилен надзор од родител или посвоител.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk