Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

09.04.2014 ПО од ОН Македонска Каменица
Дефиле на основци во Македонска Каменица за “Неделата за безбедност на пешаците во сообраќајот“

По повод одбележување на „Неделата за безбедност на пешаците во сообраќајот„ од 01 до 07 Април 2014 година Oдделението за превенција при ПО од ОН Македонска Каменица во соработка  со  Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Македонска Каменица  реализираа  активности согласно Програмата  за преземање мерки и активности за одбележување на „Неделата за безбедност на пешаците  во сообраќајот“.

Согласно со програмата и распоредот на активности  одбележувањето на неделата за безбедност на пешаците во сообраќајот која што започна на 01 овој месец со предавање и едукација на учениците во основното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ и подрачните основни  училишта во с.Саса с. Моштица и Јавна општинска установа детска градинка „Бамби“ во Македонска Каменица кои предавања се одржуваа на 01,02и 03  април, како и со ликовната изложба на основците од основното училиште Кирил и Методиј и подрачните училишта  во с. Саса и С. Моштица, продолжи и на 04 со одржаното дефиле по улиците во М. Каменица во кое учество зедоа учениците од прво до петто одделение од ООУ Кирил и Методиј  од М. Каменица. Како најранлива група на учесници во сообраќајот учениците со свои пораки и изготвени сообраќајни знаци прошетаа по улиците во Македонска Каменица, поминувајќи по обележаните пешачки премини, а се со цел да бидат видени од страна на повеќето возачи и  да им дадат јасна порака дека и тие како пешаци-учесници во сообраќајот заслужуваат да бидат безбедни.

За време траење  на дефилето  од  страна на  инспекторот за превенција при ПО Македонска Каменица Дејан Стојменов на граѓаните- пешаци  им беа поделени флаериво црвена боја на оние  кои  непрописно   ги поминуваа улиците,  и флаери во зелена боја на оние кои  прописно ги поминуваа улиците.

Исто така на 04-ти во периодот од 14.00 до 15.00 часот   во просториите на ООУ Кирил и Методиј во соработка со ПО за БПС Делчево , а согласно член 402 од ЗБСП, одржана беше сообраќајна поука со  лица- пешаци учесници во сообраќајот  кај кои е констатиран прекршок по член 120 став 1 од ЗБСП   

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk