Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

03.04.2014 Денес во МВР
Средба на министерката Јанкулоска со претседателот на ПРИ, Џуп Гус

Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска денес во МВР, заедно со претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, го прими првиот човек на Меѓународната организација за безбедност во сообраќајот (PRI), г-дин Џуп Гус.

На состанокот министерката Јанкулоска истакна дека досегашната соработка меѓу МВР и РСБПС е на извонредно високо ниво за што сведочат мноштвото заеднички проекти и активности во изминативе години. Исто така Јанкулоска посочи дека зголемување на меѓународната соработка, размената на искуства и идеи бездруго е во корист на унапредувањето на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Република Македонија.

Од своја страна г-динот Гус нагласи дека годинава Република Македонија е избрана како земја домаќин на Светскиот конгрес на меѓународната асоцијација, што ќе се одржи во мај, наедно упатувајќи и покана до МВР за учество на таа меѓународна конференција.

Инаку, изминативе денови првиот човек на PRI имаше можност одблизу да ги проследи сите активности во рамки на Неделата на пешаци – кампања посветена на безбедноста и едукацијата на пешаците како учесници во сообраќајот.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk