Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

02.04.2014 Прес конференција во МВР
Разбиена шверцерска група, запленети 19.480 кутии цигари

Министерството за внатрешни работи во борбата против организираниот криминал и криумчарењето на цигари, вчера реализираше случај на заплена на 19.480 кутии цигари во вредност од околу 40.000 евра со што е сузбиена криминална група која подолг временски период вршела прекуграничен криминал односно криумчарење на акцизна стока – цигари од Р.Македонија во Р.Бугарија.

На почеток на акцијата од страна на униформирани полициски службеници во близина на граничен камен 62 во делот на дражавната граница на Р.Македонија со Р.Бугарија беше поставена оперативно - тактичка мерка „заседа“ за спречување прекуграничен криминал, односно криумчарење акцизна стока во зелениот појас. При обидот на полициските службеници да сопрат ПМВ „Форд Експлорер“ со бугарски регистерски таблици, кое се движело во правец на с.Панчарево, Делчево, возачот на истото управувајќи го возилото го насочил кон полициските службеници со намера да ги прегази, ја пробил заседата и се дал во бегство. Во моментот на пробивање на заседата од страна на полициските службеници согласно полициските овластувања употребено е огнено оружје. По половина час потрага возилото е пронајдено, напуштено, откако неконтролирано удрило во дрво покрај патот.  Продолжено е со потрага по лицата, при што се пронајдени две лица кои претходно се дале во бегство. Станува збор за Д.К. (24) од Крива Паланка кој е пронајдено во плевна во близина на с.Панчарево, додека второто лице В.П. (31) од Пехчево е пронајден во шумските предели над с.Панчарево.

На местото на настанот кај пронајденото возило извршен е увид, кадешто во возилото се пронадени 19480 кутии цигари и тоа 6500 кутии цигари од марката „Мерлин Слимс“ без акцизна маркица - бандерола и 12980 кутии цигари од марката „Јорк“ со македонска акцизна маркца - бандерола.