Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

28.03.2014 Реакција на соопштение на СДСМ
На МВР не му е позната причината за одложување на посетата на Пендаровски на Шуто Оризари

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира сите невистини и шпекулации изнесени од страна на Социјалдемократскиот сојуз, кои некои медиуми ги пренесоа под наслов - „Во Шуто Оризари се подготвувал инцидент за Пендаровски - посетата откажана“.

Целосна лага е дека одлуката да се одложи предизборната активност на кандидатот Стево Пендаровски била донесена во консултации со МВР. МВР ниту регистрирало каква било закана или ризик, ниту изготвило безбедносна проценка врз чија основа сугерирало откажување на посетата на Шуто Оризари.

Целата кампања досега минува мирно, демократски и без ниту еден инцидент. Доколку станува збор за обид да се компромитираат изборите и да се фрли црна дамка на досегашниот тек од кампањата, апелираме на чесна политичка борба без манипулации кои го доведуваат во прашање угледот на Република Македонија.

Нам не ни е позната причината за одложување на предвидената средба, но би било коректно штабот на кандидатот да не се покрива за своите одлуки користејќи го Министерството како институција.
Ги повикуваме сите политички партии да го задржат нивото и достоинството пред се заради граѓаните од кои ја бараат поддршката.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk