Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

18.03.2014 СВР Скопје - Единицата за економски и компјутерски криминал
Шумочувари примиле поткуп


СВР Скопје –Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје со кривична пријава ќе ги предаде Н.Д.(50) и И.К.(51), двајцата од Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Примање поткуп“ предвидено и казниво по чл.357 од КЗ на РМ. Имено, на 15.03.2014 година откако двајца браќа влегле со натоварени нежигосани дрва на коњи во нивниот двор во с.Пагаруша, биле забележани од страна на пријавените Н.Д. и И.К - вработени во МАКЕДОНСКИ ШУМИ Подружница Шумско стопанство “КАРАЏИЦА“ како шумари и во својство на службени лица на МАКЕДОНСКИ ШУМИ за да не им напишат пријава и да им ги земат дрвата, побарале од браќата да им дадат 100 Евра, односно на двајцата да им се даде по 50 Евра, но оштетените им кажале дека моментално немаат и дека за нив тоа се многу пари. По ова првопријавениот во повеќе наврати телефонски му се заканувал на едниот брат дека ако не им ги даде парите, од нивна страна ќе му биде пишана соодветна пријава. Откако пријавените и понатаму му барале поткуп на оштетениот, истиот случајот го пријавил во СВР Скопје-ЕЕКК, при што се превземени мерки и со потврда од пријавителот се одземени две банкноти од по 50 Евра, истите технички се обработени и со потврда му се вратени, а на 16.03.2014 година од Основен суд Скопје I се обезбедени и наредби за претрес над пријавените лица. На 16.03.2014 година откако првопријавениот телефонски побарал од оштетениот да се сретнат во нас. Драчево за да му ги даде горенаведените парични средства, се договориле истиот ден двајцата пријавени да се најдат со него и откако им биле дадени бараните пари, од страна на ЕЕКК во содејство со Полициски службеници од Единицата АЛФИ по примањето на поткупот, лицата биле лишени од слобода. Над пријавените е извршен личен претрес во присуство на адвокат, при што кај Н.Д. се пронајдени двете банкноти од по 50 евра и истите со потврда се одземени. Од страна на Судија во претходна постапка на И.К. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на Н.Д. му е одредена мерка домашен притвор во траење од 30 дена.
Двајцата пријавени се веќе познати на Службата и тоа во периодот 2008/2011 година против И.К. се поднесени две кривични пријави за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ од кои за една во 2009 година му е изречена условна осуда затвор, додека против Н.Д. во 2009 година е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.   

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk