Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

15.03.2014 СВР Охрид
Влегол во полициска станица и нападнал полициски службеници

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело – “напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, СВР Охрид  против Н.Д. (23) и А.Д. (20) двајцата од Охрид поднесе кривична пријава.

Пријавените, казненото дело го извршиле рано утрово околу 02,30 часот во холот од полициската станица Охрид откако Н.Д. неповикан влегол во станицата и физички ги нападнал полициските службеници кои работеле на претходно нарушен јавен ред и мир во кој учесник бил неговиот брат А.Д. Иако соочени со неочекуваниот физички напад, полициските службеници го совладале Н.Д. како и веќе повиканиот А.Д. кој  ја искористил ситуацијата и на страната на неговиот брат се приклучил во физичкиот напад врз полициските службеници.

Пријавените, по консултација со јавен обвинител се лишени од слобода по што со поднесената кривичната пријава ќе бидат изведени пред јавниот обвинител.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk