Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

12.03.2014 Опсежна полициска акција во Куманово и кумановско
Приведени 13 лица припадници на организирана криминална група од Куманово

)

МВР по наредба и координација со надлежниот Јавен обвинител утринава ја отпочна последната фаза за реализација на оперативната обработка по која постапуваше во изминатиот период. При тоа, во рамки на денешната опсежна полициска акција во Куманово и кумановско МВР приведе 13 лица од Куманово, сите од едно семејство, поради постоење на основано сомнение дека подолг период истите биле инволвирани во повеќе видови криминални активности почнувајќи од недозволена трговија со дрога, со оружје, потоа изнуди, лихварство, перење пари и друго.

Полициските активности се уште се во тек, а веќе беа извршени претреси во домовите на приведените, но и кај други лица заради постоење индиции дека може да се пронајдат дополнителни докази за делувањето на оваа криминална група.

Инаку, криминалната група од 2004 година вршела исклучително брутални кривични дела, стакнувајќи се со огромна противправна имотна корист. Имено, станува збор главно за членови на едно семејство, кое што располага со огромен имот на подрачјето на Куманово и во своето злосторничко здружување најверојатно инволвирале и други лица, а кои голем дел од имотот го стекнале со препродавање хероин во Швајцарија. Исто така во изминативе години веќе беа лоцирани и лишени од слобода лица од ова кумановско семејство, членови на злосторничкото здружение кои се занимавале со криминал тука но и надвор од границите на Република Македонија.

Според првичните сознанија членовите на криминалната група се стекнале со огромни суми пари кои на различен начин ги легализирале, а досега се обезбедени поголем број предмети кои ќе се употребуваат во натамошната постапка, како што се изводи од банки за трансфери на пари и слично .

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk