Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

10.03.2014 Министерката Јанкулоска на работен состанок во Управните служби при МВР
Досега вкупно се издадени 1.934.323 лични карти, односно 1.857.909 патни исправи

Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска денес одржа работен состанок со челните луѓе во Управните служби при МВР посветен на претстојните изборни процеси, односно подготовките за истите од аспект на евиденцијата, со оглед на тоа што се појавува ситуација кога на истиот ден за гласање граѓаните ќе ги има на два избирачки списоци, кои во одредени делови може и да се разликуваат заради различниот датум на пресек.

Притоа министерката Јанкулоска беше информирана дека евиденциите на начин како што тоа го бараат законските прописи, со пресечен момент согласно Изборниот законик, се веќе доставени до Државната изборна комисија и за претседателските и за парламетнарните избори, така што се очекува ДИК врз основа на релевантните податоци од надлежните институции да излезе со финалните избирачки списоци.

“По однос на евиденциите што ги води МВР, констатиравме дека досега вкупно се издадени 1.934.323 лични карти, важечки документи  односно 1.857.909 патни исправи. Бројката на лица за кои постои запис во нашите евиденции дека се државјани на Република Македонија, а немаат биометриски документ е 124.962“, истакна министерката Јанкулоска.

Според Јанкулоска карактеристично за овие избори е тоа што замената на документите е започната во 2007 година, а во меѓувреме дел од издадените документи ја изгубиле својата важност заради истек на рокот. “Таквата бројка на документи е 12.255. Ова се граѓани кои уредно ги има во сите евиденции, но доколку сакаат да го остварат своето избирачко право, ќе мора да ги обноват документите односно да имаат важечки биометриски документи“, нагласи Јанкулоска.

Исто така, од страна на министерката Јанкулоска беше посочено дека во наредниот период до изборите, сите документи ќе се разгледуваат во брза постапка односно веднаш ќе се одобруваат и изработуваат, со цел да им се излезе во пресрет на колку што е можно поголем број граѓани да го остварат своето гласачко право.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk