03.03.2014 Реакција на соопштение на СДСМ
Полека и СДСМ стекнува познавања од новиот Закон за кривична постапка
Прва голема придобивка од полемиката на СДСМ со Минстерството за внатрешни работи е фактот што и од политичката партија не се споменува повеќе никакво оштетување на штабот и се признава дека изминатиов период сите настапи биле во насока на манипулирање на јавноста.
Втора придобивка е дека полека и СДСМ стекнува познавања од новиот Закон за кривична постапка со што продолжува да се стеснува просторот за манипулации. Сепак денеска сме сведоци на уште еден неуспешен обид да се искористи и тој простор, манипулирајќи дека биле оштетени возила на СДММ. Возилата, според пријавеното се сопственост на физички лица и не се регистрирани на име на партијата.
Со сите физички лица кои се оштетени е разговарано во соодветна постапка. Исто така е извршен разговор и со одговорниот за обезбедување на фирмата „Озон“. На СДММ им стоиме на располагање и ние и надлежниот Јавен обвинител за да ја споделат секоја информација што досегашната истрага не ја утврдила, а тие од свои извори ја знаат.
Во насока на продлабочување на добрата соработка и разбирање, ја реафирмираме понудата за номинирање на членови на партијата кои би посетиле обука за ЗКП и подобро би ја запознале новата улогата на Јавниот обвинител во истрагата.
Назад