Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

03.03.2014 Зајакната контрола на сообраќајната полиција
Во текот на викендот санкционирани 397 учесници во сообраќајот

СВР-Скопје за време на викендот спроведе зајакната контрола при што од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 397 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Кај 74 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 32 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 23 возачи, а кај 18 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло. Исто така, десет возачи  управувале возила со над дозволената брзина од кои тројца управувале возило со над 90 км на час во населено место.

Покрај ова изречени се 15 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 21 прекршок за зборување на мобилен телефон, за непрописно престројување пред крстосница изречени се седум  прекршоци. Казнети се и деветмина граѓани кои направиле прекршоци како пешаци, еден прекршок за оптоварување над дозволената носивост, потоа 16 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 112  прекршоци за неправилно и непрописно паркирање. Со пајак возило подигнати се 104 возила.   

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk