Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

24.02.2014 Сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Скопје
За викендот во Скопје санкционирани 248 учесници во сообраќајот

СВР-Скопје за време на викендот спроведе зајакната контрола при што од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 248 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот. Кај 57 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 42 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 31 возач, кај 14 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло.

Исто така 15 возачи  управувале возила со над дозволената брзина од кои 6 возачи  управувале возило со над 90 км на час во населено место, изречени се 20 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 20 прекршоци за зборување на мобилен телефон.

 Потоа за непрописно престројување пред крстосница изречени се 3  прекршоци, за недавање првенство на минување на пешаци изречени се 2 прекршоци, 31 прекршок за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 127  прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, и со пајак возило подигнати се 137 возила.   

 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk