Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

21.02.2014 Сообраќајни контроли во Тетово
Евидентирани 83 сообраќајни прекршоци, издадени 69 платни налози и 14 покани за наплата на глоба

Во рамките на планираните активности за поголема безбедност на сообраќајот, вчера во Тетово беа спроведени засилени контролни активности, со кои вкупно опфатени биле 87 патнички, товарни и други возила, а од кои 48 се испратени на вонреден технички преглед.

Во овие активности, службениците на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај констатирале 83 прекршоци, поради кои, меѓу другото, исклучени се од сообраќај 28 возила и 4 возачи.

Најбројни прекршоци, утврдени со контролата се: техничка неисправност - 13 , вградени неатестирани  фолии - девет, истечена регистрација - седум, некористење соборени светла – седум 7, управување без возачка дозвола  - три прекршока и други прекршоци по основ на сообраќајните прописи и правила.

Откриените прекршоци и недостатоци санкционирани се со 69 платни налози и 14 покани за наплата на глоба. Активности со ваква цел и намена планирани се и во наредниот период, не само за проверка на техничката исправност на возилата, туку и за контрола на брзината, управување под дејство на алкохол и друго, во функција на подобрување на вкупната безбедност на патиштата во Тетово и Тетовско.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk