Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

20.02.2014 Отсек за превенција при СВР Велес
Превентивни сообраќајни активности за кавадаречките возачи

Отсекот за превенција при СВР-Велес, во содејство со ПС од ОН-Кавадарци и ПО за БПС-Кавадарци, на вчера (19.02.) во централното подрачје на Кавадарци, спроведе Превентивна акциска контрола, за превземање на мерки и активности, во врска со прекршоци во делот на непрописно паркирање (паркирање во зона на раскрсница,паркирање на обележан пешачки премин,паркирање на места означени за паркирање на инвалидизирани лица, двојно или паралелно паркирање и сл.). Во врска со горенаведените прекршоци, на возачите-прекршители, им беа издавани покани за сообраќајни поуки како и изрекувани мерки усмено и писмено предупредување, зависно од тежината на прекршокот.

Целта на акциската контрола е, преку превентивно дејствување и превземање на превентивни мерки и активности, да се подигне сообраќајната свест и култура кај учесниците во сообраќајот, посебно кај категоријата - возачи на патнички автомобили, како учесници во сообраќајот, кои се јавуваат како најчести прекршители кога е во прашање непрописното паркирање,а со тоа и овозможување на проточен и безбеден сообраќај за сите учесници во сообраќајот во централното градско подрачје.

Воедно, со редовното превземање на ваквите превентивните мерки и активности,од различни области,ќе се придонесе за одржување на стабилна безбедносна состојба во сообраќајот, на подрачјето на ПС од ОН-Кавадарци.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk