Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

18.02.2014 МВР
Демолирање и насилство на денешниот протест пред зградата на Владата на РМ

Денес,(18.02.) во 10,00 часот од страна на Здружението на стечајни работници и технолошки вишок-УНИТ поддржано од неколку невладини организации и здруженија започна протест на кој учествуваа околу 600 стечајци.

Имено, протестот започна од пред зградата на Сојузот на Синдикати на Македонија, а потоа учесниците на простестот се движеа кон Собранието на РМ и продолжија кон зградата на Владата на РМ.

Додека се одржуваше протестот во повеќе наврати од страна на присутните беше нарушен ЈРМ и тоа со обид за демолирање на заштитната метална ограда како и туркање на кордонот полициските службеници кои го обезбедуваат протестот. Од страна на полициските службеници е идентификуван и легитимиран еден  од сторителите и против истиот како и против организаторот на протестот ќе се поднесаат соодветни пријави.

Околу 15,00 часот поголема бројка од присутните на протестот се разотидоа а во моментот мирно простираат помал број лица.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk