Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

14.02.2014 Центар за обука Идризово
Јанкулоска: “ви честитам што успеавте да ја минете строгата, но праведна и транспарентна селекција“

“Ви честитам што успеавте да ја минете строгата, но праведна и транспарентна селекција на кандидати за полициски службеници чиј дом во наредните месеци ќе стане Центарот за обука каде ќе се едуцирате за работните предизвици кои ве очекуваат“ истакна меѓу другото министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во своето денешно обраќање во рамки на посетата на четиристотината кандидати за полициски службеници што во наредните месеци ќе се доедуцираат во Центарот за обука во Идризово.

Министерката Јанкулоска потенцираше дека ова е втората генерација која што мина низ еден современ и стандардизиран систем на оценување во кој покрај физичките критериуми подеднакво беа важни и општообразовните, психолошките и здравствените критериуми. “Наспроти новините што ги воведовме, односно прилично строгите критериуми на селекција,  стои и фактот дека никогаш досега немало толкав интерес кај младите, што без никаква дилема говори за два факти. Едниот дека новиот систем на прием ужива доверба меѓу кандидатите дека тие што се објективно најподготвени на крајот ќе бидат највисоко рангирани. Додека вториот факт е исклучително високото почитување и доверба што полицијата ја има меѓу граѓаните, вклучително и меѓу младата популација“ нагласи Јанкулоска.

Изразувајќи ја убеденоста дека и оваа генерација идни полициски службеници ќе ги достигнат и престигнат високо поставените стандарди Јанкулоска им порача на идните полицајци дека – “во месеците што се пред вас, во текот на оваа едногодишна обука вие, меѓу другото ќе бидете упатени и едни кон други, ќе се запознете и ќе се зближите градејќи колегијалност, пријателства, заедништво кое што е неопходно не само како индивидуална придобивка туку и како професионална каратеристика бидејќи само на тој начин ефикасноста и успехот во работењето се загарантирани“.

Инаку обуката која што ќе трае 12 месеци е поделена на три модули од по четири месеци во кои што идните полициски службеници ќе се обучуваат за различните области од полициското работење вклучително и преку практична полициско-тактичка работа. Една од мноштвото новини при обуката ќе биде и можноста преку таблет компјутери што ќе ги добијат кандидатите во секое време да имаат пристап до библиотеката на Центарот а се со цел подобро и поквалитетно нивно теоретско подготвување.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk