Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

05.02.2014 Хуманост во полициското работење
Гранична полиција помогна при раѓањето на здраво девојче

На 03.02.2014 година во 19.00 часот од страна на полициски службеници од граничната полиција - полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица  на паркингот кај брана Паљурци (во близина на Богданци ) пронајдена е 18 годишна авганистанската државјанка со илегален влез и престој во Р.Македонија. Истата имала симптоми на породилни болки и веднаш и била укажана помош од страна на службените лица. Граничната полиција брзо остварила контакт со ЈЗУ-Општа болница Гевгелија  по што на местото на настанот пристигнало возило на Брза помош при што било констатирано дека мора веднаш да се реагира. Бидејќи ЈЗУ-Општа болница  Гевгелија не биле во можност да го превземат и згрижат лицето, граничните полицајци хумано, несебично и брзо реагирале по што лицето го транспортирале со службено полициско возило до Здравен дом Валандово каде во 21,25 се родило здраво женско бебе благодарејќи и на брзата интервенција на целиот персонал. Докторот изјавил дека породувањето протекнало без проблеми меѓутоа доколку лицето не било пренесено навремено во медицинскиот центар постоела опасност од задушување на детето поради компликации со папочната врска која била замотана околу вратот на детете а исто така и до смрт на мајката. Лицето и новороденото дете се наоѓаат во здравен дом Валандово.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk