Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

03.02.2014
Средба на Директорот Чавков со неговиот австриски колега Ланг

Денес (03.02.), во Министерството за внатрешни работи Директорот на Бирото за јавна безбедност,  м-р Митко Чавков оствари средба со неговиот австриски колега г-н Франц Ланг.
На средбата беа  разменети искуства со цел  продлабочување на понатамошната соработката меѓу двете земји. Директорот Чавков изрази задоволство од постигнатите резултати како производ на заемната соработка и посочи дека интенција на министерството  е уште поинтензивна и поофанзивна борба против криминалните групи, особено на планот на борбата против недозволената трговија со дрога, во која се вклучени огромни ресурси. Исто така,  гостите беа запознаени со новите реформи во македонската полиција и особено во Одделот за борба против организран и сериозен криминал, зајакнувањето на мулти-дисциплинарниот пристап во таа борба, со сеопфатен и сериозен пристап, со вклученост на повеќе организациони единици, особено со вклучувањето на единиците за финансиски криминал и перење пари. Директорот на австриската полиција беше запознаен и со стратешките приоритети во наредниот период, и тоа систематски пристап и систематско знаење во борбата насочена кон профилирање идентификување и сузбивање на криминалните групи кои работат на меѓународен транспорт.
Директорот Ланг од своја страна констатираше дека во изминатите десет години Австрија континуирано има одлична соработна со Министерството за внатрешни работи на Р. Македонија на сите нивоа.
Двете страни изразија бладораност, надежи и увереност во продолжување на идната соработка со несмален интензитет и нејзино натамошно продлабочување.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk