Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

02.02.2014 РЦ за ГР Север
Спречен обид за криумчарење на десетмина сириски мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Север до ОЈО - за организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против лицата А.Ш.(28), и Р.Б. (33) од Гевгелија поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – “криумчарење на мигранти“.

Двајцата се приведени и изведени  пред судија за претходна постапка  и од негова страна изречена им е мерка притвор во времетраење од осум дена..

Имено, на 30 минатиот месец околу 03.30 часот од страна на Единицата за борба против криминал во скопската населба Автокоманда биле сопрени три возила и тоа ПМВ марка “БМВ“ со гевгелиски регистарски таблички управувано од А.Ш., потоа ПМВ марка “пасат фолксваген“ со велешки регистарски таблички управувано од Р.Б. и ПМВ “опел омега“ исто така со гевгелиски регистарски таблички управувано од трето лице при што во возилата “пасат фолксваген“ и “опел омега“  биле пронајдени 10 лица илегални мигранти од Сирија.

Од извршениот разговор со приведените лица А.Ш. и Р.Б. утврдено е дека претходниот ден, односно на 29.01. од страна на друго лице телефонски било побарано од Р.Б. услуга, односно тој со возило да оди за Скопје да однесе некои лица кои биле со валидни патни исправи и дека за таа работа ќе му бидат исплатени пари за бензин. По разговорот Р.Б. веднаш се упатил на местото каде биле договорени односно кај училиштетот во с.Богородица каде што тој земал 2.000 денари и 20 евра. Лицата мигранти ги качиле во с.Богородица во двете посочени возила, а возилото “БМВ“ било претходница  и истите се упатиле по автопатот Гевгелија – Скопје. Патувајќи кон Скопје требало да застанат во с.Катланово каде А.Ш. од двете возила во кои биле мигрантите земал 4.000 евра. Откако пристигнале во Скопје поточно во населба Автокоманда, А.Ш. и Р.Б. биле сопрени и приведени, додека третото лице кое управувало со “опел омега“ успеало да побегне во НН правец оставајќи го возилото со лицата мигранти.

Лицата илегални мигранти по обавениот разговор сместени се во Прифатен центар за странци заради нивно обезбедување во кривичната постапка. Интензивно се работи на утврдување на инволвираноста и на други лица во случајот и негово целосно документирање и расчистување.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk