Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

01.02.2014 Приведени двајца скопјани за уцена преку „фејсбук“
Изнудиле телефон „самсунг“ за да не објават компромитирачки фотографии

Министерството за внатрешни работи до надлежното ОЈО Скопје, со кривична пријава ги предаде С.И.(24) и Р.И.(23), двајцата од Скопје, поради основано сомневање дека во периодот декември-јануари 2013/2014, С.И. сторил кривично дело „Уцена“, а Р.И. помагајќи му во извршувањето на делото, сторил кривично дело „Помагање“.
Со сторените дела, предвидени и казниви по член 259 и член 24 од КЗ на РМ,  оштетиле едно малолетно лице од Скопје.
На кривично правниот настан, преходело дружење помеѓу оштетената и С.И., при што пријавениот ја искористил  нејзината доверба и злоупотребувајќи лозинка од нејзин профил на социјална мрежа, во периодот декември-јануари 2013/2014, ја уценувал дека ако не му даде андроид „Самсунг“, ќе изнесе во јавност компромитирачки фотографии. По ова, тие се слушнале телефонски и се договориле оштетената и Р.И. да се сретнат пред поштата во населба Драчево, каде таа ќе му го даде андроидот.
За уцените од С.И. оштетената и кажала на својата мајка, која на 23.01.2014 г. случајот го пријавила во полициска станица, по што од страна на полициски службеници на Единицата за насилен криминал се превземени оперативно тактички мерки. Во населба Драчево, непосредно по превземањето на телефонот од оштетената, Р.И. е лишен од слобода, а набрзо потоа е пронајден и лишен од слобода и С.И.. Во дадените изјави, двајцата пријавени го потврдија извршувањето на кривичните дела, а со наредба од Судија во преходна постапка во нивните домови е извршен претрес и подигнатиот материјал е предаден за понатамошна обработка во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk