Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

управни работи
Издавање на патна исправа
Издавање на патна исправа ако е изгубена или исчезната
Издавање на патна исправа ако е пополнета или оштетена
Издавање на патна исправа на малолетни лица
Издавање возачка дозвола
Издавање на итна возачка дозвола
Издавање на дупликат возачка дозвола
Издавање на возачка дозвола за велосипед со помошен мотор
Издавање на инструкторска возачка дозвола
Издавање на лична карта
Издавање на сообраќајни дозволи
Издавање одобренија за патување во странство на малолетни лица (до 14 години живот)
Видови барања предвидени со Законот за оружје
Заверка на категорија во возачка дозвола
Замена на возачка дозвола поради дотраеност или оштетеност
Замена на возачка дозвола со измината важност
Замена на странска возачка дозвола
Постапки за стекнување државјанство на РМ
Пријавување на живеалиште и престојувалиште
Пријавување промена на место на живеење на возачот
Постапка за промена на личното име
Регистрација на возила
Детективска дејност
Агенции за обезбедување на лица и имот
Странци

  
Издавање на лични карти
Издавање на лична карта

 

ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 0800 192 92 Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА СИТЕ АПЛИКАНТИ

  

ШТО Е ЛИЧНА КАРТА?

  • Лична карта е јавна исправа со која се докажува идентитетот, државјанството,живеалиште и престојувалиште на граѓанинот на Република Македонија.
  • Старите лични карти  ќе важат до рокот на важење кој е наведен во личната карта, но најдолго до три години од денот на влегување на сила на Законот за изменување и дополнување на законот за личната карта (Службен весник бр. 19/2007)  

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ?

 

  • Секој граѓанин со наполнети 18 години возраст е должен да има лична карта.

  • За да добиете лична карта, мора да имате пријавено живеалиште (отворете го табот за живеалиште и престојувалиште).

  •  Лична карта може да му се издаде на граѓанинот  со наполнети 15 години живот по лично барање, по претходна согласност од родителите, законскиот застапник или старателот.

  • Можете да имате само една лична карта.

КАДЕ МОЖЕ ДА ДОБИЈАМ ЛИЧНА КАРТА?

  • Лична карта можете да добиете во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во подрачјето каде што имате живеалиште.
  • За да ја добиете првата лична карта треба да го направите следново:
    • да пополните и да поднесете барање кое може да го добиете бесплатно во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.
    • да поднесе
    • Ваш извод од матичната книга на родените;  (Се прибавува по службена дожност)  
    • Лична карта на еден од родителите на увид
    • да платите за образецот за личната карта паричен износ од 190 денари
  • Кога ќе го поднесувате барањето  службе­ниците ќе ви земат отпечатоци од два прста и ке ве фотографираат.
  • Рокот на важење на личната карта зависи од вашата возраст. Ако сте на возраст:
    • до 27 години - рокот на важење е 5 години;
    • над 27 години - рокот на важење е 10 години.
  • Личната карта ќе ви ја издаде подрачната единица на Министерството за внатрешни работи каде што сте го поднеле барањето во рок од 15 дена по поднесување на барањето.

КОГА, КАКО И КАДЕ ТРЕБА ДА ЈА ЗАМЕНАМ ЛИЧНАТА КАРТА?

  • КОГА: Личната карта треба да ја замените во следниве случаи:
  • Ако на личната карта и истекува рокот на важење (Треба да поднесете барање за замена на  личната карта најдоцна 30 дена пред датумот на кој и истекува рокот на важење);
  • Ако го промените местото на живеење (живеалиштето или адресата на станот во живеалиштетето);

  •  Ако го промените личното име;( Од управата за водење на матични книги ќе се прибавуваат преписи заради точни податоци)

  • Ако личната карта Ви е оштетена или дотраена (службеното лице на Министерството за внатрешни работи кое е овластено да побара да му ја покажете личната карта може да ве упати да поднесете барање за замена на таква лична карта во рок од 15 дена).

  •     КАКО: За да ја замените личната карта во горенаведените случаи, треба да го направите  следново:

      

  •   да поднесете барање за замена на личната карта; 

  •   доказ за извршената промена (истечената лична карта, оштетената или дотраената лична карта,

  • доказ за промена на местото на живеење, доказ за промена на личното име);

  •   да платите за образецот за личната карта паричен износ од 190 денари на жиро сметка

  •   КАДЕ: Во органот на Министерството за внатрешни работи кој ја издал личната карта, ако во меѓувреме не сте го промениле местото на живеење.

  •    ВАЖНО:  Министерството за внатрешни работи ќе Ви издаде нова лична карта во рок од 15 дена од денот кога сте поднеле барање за замена на личната карта.  Кога ќе ја подигнете новата лична карта, мора да ја предадете старата во Министерството за внатрешни работи, за поништување.

 

ШТО АКО ЈА ЗАГУБАМ ЛИЧНАТА КАРТА?

  • Ќе пријавите дека сте ја загубиле, во органот на Министерството за внатрешни работи кој Ви ја издал личната карта.
  • Ќе пополните изјава.
  • Ќе поднесете барање за издавање нова лична карта до органот на Министерството за внатрешни работи кој Ви ја издал загубената лична карта.
  • Ќе ја огласите за неважечка во „Службен весник на РМ„ на свој трошок.

ЗАПОМНЕТЕ:

Ако ја пронајдете загубената лична карта, веднаш мора да му ја предадете на органот на Министерството за внатрешни работи кој ја издал.

 

ПОД КОИ ОКОЛНОСТИ  ЌЕ ПОДЛЕЖИТЕ НА ПЛАЌАЊЕ ПАРИЧНА ГЛОБА ?

ЌЕ ПЛАТИТЕ ГЛОБА  ВО ИЗНОС ОД 20 до 80 ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ АКО :

  •  имате повеќе од една лична карта;
  •   сте наполниле 18 години, а немате лична карта;
  •  поднесете лажен извод од матичната книга на родените;
  •  се служите со лична карта чиј рок на важеење и истечен;
  •   не поднесете барање за замена на личната карта 30 дена пред да и истече рокот на важење или пак во рок од 15 дена откако службеното лице на Министерството за внатрешни работи ве упатило да  ја замените оштетената или дотраената лична карта;
  •  не поднесете барање за замена на личната карта при промена на местото на живеење и при промена на личното име;
  •  му ја дадете личната карта на друго лице да се послужи со неа како да е негова и ако се послужите  со туѓа лична карта како да е Ваша.
  •  нема да ја предадете старата лична карта на МВР заради поништување 

ЌЕ ПЛАТИТЕ ГЛОБА ВО ВИСИНА ОД 30 ЕВРА ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ АКО: 

  • Не ја носите личната карта со себе и ако одбиете да му ја покажете на службено лице на Министерството за внатрешни работи кое е овластено со закон да Ве легитимира (да побара да му покажете лична карта).  

 

 

 

Документи
 
Барање за издавање на лична карта
(4732 KB), 20.03.2014,

Барање за издавање на лична карта тип В
(1300 KB), 09.04.2014,

Уплатница
Уплатница за образецот за лична карта (714 KB), 16.01.2012, МВР

Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@moi.gov.mk | Најава