Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Управни работи
Издавање на патна исправа
Издавање на патна исправа ако е изгубена или исчезната
Издавање на патна исправа ако е пополнета или оштетена
Издавање на патна исправа на малолетни лица
Издавање возачка дозвола
Издавање на итна возачка дозвола
Издавање на дупликат возачка дозвола
Издавање на возачка дозвола за велосипед со помошен мотор
Издавање на инструкторска возачка дозвола
Издавање на лична карта
Издавање на сообраќајни дозволи
Издавање одобренија за патување во странство на малолетни лица (до 14 години живот)
Видови барања предвидени со Законот за оружје
Заверка на категорија во возачка дозвола
Замена на возачка дозвола поради дотраеност или оштетеност
Замена на возачка дозвола со измината важност
Замена на странска возачка дозвола
Постапки за стекнување државјанство на РМ
Пријавување на живеалиште и престојувалиште
Пријавување промена на место на живеење на возачот
Постапка за промена на личното име
Регистрација на возила
Детективска дејност
Агенции за обезбедување на лица и имот
Странци

  
Издавање на патни исправи

Издавање на патна исправа

ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 0800 192 92 Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА СИТЕ АПЛИКАНТИ

Потребни документи за издавање на патна исправа
Апликацијата за пасош, започнува со пополнување на:

   - Барање за издавање на пасош, уредно и читко пополнето,  (барањето може да го најдете на сите шалтери каде аплицирате за издавање на патна исправа). Обрaзецот на барањето за издавање на пасош е со димензии на А4 формат и е изработен во бела боја.
   - Лична карта или друга јавна исправа од која може да се утврди идентитетот на подносителот на барањето, а за лица кои немаат живеалиште на територијата на Република Македонија се приложува лична карта Издадена од надлежен орган на странска држава или друга јавна исправа од која може да се утврди нивниот идентитет.
  - Уплатница на жиро сметка во износ од 1.500,00 денари за  образецот на пасошот ,
  - Уплата за административна такса од 100,00 денари- на уплатница- за лица до 4 годишна возраст,
  - Уплата за административна такса од 200,00 денари- на уплатница-за лица од 4 до 27 годишна возраст  
   -Уплата за административна такса од 300,00 денари- на уплатница-за лица над 27 годишна возраст  


НАПОМЕНИ:
Важење на пасошот

·         За лица постари од 27 години пасошот се издава со рок на важење од десет години
,

         За лица на возраст од 4 до 27 години пасошот са издава со рок на важење од пет години

         За лица до навршени 4 годишна возраст пасошот се издава со рок на важење од две години

    При поднесување на барањето за издавање на пасош од граѓанинот се земаат биометриски податоци- фотографија, отпечатоци од два прста, како и своерачен потпис во дигитална форма. За малолетни лица до 12-годишна возраст не се врши земање на отпечатоци од прсти.

Подигање на пасошот
    Барањето за патна исправа се поднесува лично како и подигањето на пасошот е лично!

Постапки за издавање на пасош:
    Редовна постапка – Органот надлежен за издавање на патни исправи и визи барањето го решава во што пократок рок, но најдоцна до 15 дена од денот на поднесување на барањето.

    ИТНА ПОСТАПКА – Во случај кога барателот во барањето за издавање пасош наведе дека бара изготвување на пасош во итна постапка, доколку не постојат објективни пречки пасошот се изготвува во рок од 48 часа од денот на поднесување на барањето. Подигањето на итните пасоши, а поднесени во сите  надлежни организациони единици на МВР, се врши во СВР- Скопје
зграда на МРТВ први спрат.

Согласно  Решението  за цените на обрасците што се употребуваат  во МВР
во Службен весник на РМ број 110/09 во точка  I. од решението гласи:

I. Цената на образецот за итен пасош, согласно горенаведеното решение се зголемува три пати во однос на редовната цена образецот за пасошот.

Ако граѓанинот бара изготвување на пасош во итна постапка, истиот ќе се издаде најдоцна во рок од 48 часа од часот на поднесување на барањето за издавање на пасош, освен ако се издава поради лекување во странство, смрт или тешка болест во семејството.

Постапка при промена на лични податоци:


   - презиме и име; ден, месец и година на раѓање;
   - пол и единствен матичен број на граѓанинот, согласно Законот за изменување  и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на РМ (“Сл. весник на РМ” бр.19/07), имателот на пасошот е должен во рок од 30 дена од денот на промена на податоците, пасошот да го предаде во Министерството за внатрешни работи, заради негово поништување.


На лично барање на граѓаните, податоците во пасошот само за личното име ќе се испишуваат односно печатат на: македонски јазик и писмо, јазикот и писмото на граѓанинот кој зборуваат различен јазик од службениот јазик, односно јазикот на (ср
пски, влашки, турски, бошњачки и ромски).

Под кои околности ќе подлежите на плаќање на парична глоба:

Ќе платите глоба во износ од 100 до 500 евра во денарска противредност ако користите патна исправа доколку ги промените податоците  на вашето име и презиме, денот, месецот и годината на раѓање, полот, единствениот матичен број.

Глоба во иста вредност ќе платите ако во рок од 30 дена од денот на промена на личните податоци не го предадете пасошот во МВР заради негово поништување.

 

Контакт информации

Ибраим Беќири  помошник министер во Оддел за граѓански работи       

Стандард за доставување (Временски рок) 
најдоцна 15 дена

 

Документи
 
Барање за издавање на пасош
(7125 KB), 20.03.2014,

Барање за издавање на пасош тип В
(1175 KB), 09.04.2014,

Уплатница
Уплата за образец за пасош (625 KB), 09.01.2012,

Уплатница
Административна такса за пасош за лица над 27 години (631 KB), 09.01.2012, МВР

Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@moi.gov.mk | Најава