Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

  

ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ И НАДЛЕЖНОСТИ

 

Сектор за гранични работи и мигации е посебен организационен облик во составот на Бирот за Јавна Безбедност – МВР кој ги има следните надлежности:

-       Постојано усовршување на методологијата на управување со безбедноста со границите, борба против прекуграничниот криминал, меѓунационална соработка и интерагенциска соработка со други субјекти во Интегрираниот систем на гранично управување;

-       Учество во решавање на меѓугранични спорови со соседните држави;

-       Учество во надграба на концепти за спроведување на визниот режим на Република Македонија со други држави;

-       Ги развива концептите за превенцијата од граничното работење со партнерство со заедницата и граѓаните;

-       Kоординира активности со меѓународни организации и агенции за реализација на оперативни планови и акции во борба против прекуграничниот криминал;

-       Гради едининствен систем за обуки компатибилен на концептот на обуки во ЕУ-Европската агениција за безбедност на надворешните граници на Европа/ФРОНТЕКС;

-       Ги етаблира административните, кадровски и материјалните капацитат за регулирање на престојот на странци и реадмисија, прифат на странци во посебен Прифатен центар за странци;

-       Гради систем на национална меѓуагенциска соработка од областа на гранични работи;

-       Врши анализи на опасностите по националната безбедност и анализа на заканите кои можат да влијаат врз безбедноста на границите;

-       Го надградува системот за гранични проверки и надзор на границата по стандардите на ЕУ-Европската агенција за безбедност на надворешните граници на Европа/ФРОНТЕКС

На стратешко ниво функционира и Мобилна единица за сузбивање на прекуграничен криминал и компензаторни мерки, со задачи:

-       покривање на границата на Република Македонија со мобилни тимови од граничната линија во длабочина на територијата;

-       врши компензаторни мерки во длабочина за справување со прекуграничен криминал;

-       справување со друг облик на криминал.

Регионални центри за гранични работи посебен организационен облик во составот на Бирот за Јавна Безбедност – МВР. Надлежноста е поделна географски на границите кон соседните држави: 

-       Регионален центар за гранични работи – Север, кон Република Косово и Република Србија;

-       Регионален центар за гранични работи – Исток, кон Република Бугарија и дел на Беласица кон Република Грција;

-       Регионален центар за гранични работи – Југ, кон Република Грција/и вклучително водите на Преспанско Езеро и

-       Регионален центар за гранични работи – Запад кон Република Албанија.

Регионалните центри за гранични работи ги координираат мерките и активностите со локаните единици за гранично работење во својот состав и меѓу Регионалните центри за гранични работи за активности поврзани со транзициони проблеми од граничното работење од една на друга граница.

Покрај ова организационо се поставени и посебните Полициски станици за гранични проверки и граничен надзор и тоа:

За гранични проверки на: 

-       16 гранични премини наменети за патен сообраќај

-       3 гранични премини наменети за железнички сообраќај

-       2 гранични премини наменети за воздушен сообраќај

Полициските станици извршуваат комбинирани задачи од гранични проверки и граничен надзор меѓу граничните премини на т.н. зелена и сина гранична линија на езерата. Дел од полициските станици се исклучиво надлежни за граничен надзор на зелена и сината гранична линија на езерата.

На локално ниво виспостевен е ситем на координирани и комбинирани мешани патроли со соседните гранични служби на: Република Косово, Република Србија, Република Бугарија и Република Албанија.

За поуспешно функционирање на размената на податоци за прекуграничниот криминал со државите со кои имаме такви патроли постојат и Зеднички канцеларии за контакт на граничните премини: Табановце кон Република Србија, Деве Баир кон Република Бугарија и Ќафасан кон Република Албанија.

Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@moi.gov.mk | Најава