Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

  
Одделение за ИПА



Основна надлежност на Одделението за ИПА е да обезбеди техничка поддршка за проектите кои се спроведуваат во Министерството за внатрешни работи во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Во Одделението за ИПА се вршат следните активности:


•    координирање на активностите во министерството во процесот на дефинирање на проектните идеи;
•    во координација со крајните корисници во министерството подготовка на проектни и секторски фишеа;
•    следење на друга странска помош и обезбедување на комплементарност;
•   во координација со крајните корисници во министерството подготвување на тендерски досиеа (проектни задачи ToR, техничка спецификација, упатство за апликанти и др) за тендерското досие;
• целосно имплементирање на обврските предвидени во Оперативниот договор склучен  помеѓу Министерството за внатрешни работи и Секторот  за централно финансирање и склучување на договори;
•    доставување на прецизна и навремена информација за потребен буџет за наредната година во однос на националното ко-финансирање и програмираните ИПА средства по проекти до надлежниот координатор за авторизација (НАО) како и Секторот за финансиски прашања во министерството;
•    континуирано следење на степенот на извршување на проектите и оперативна програма;
•    предвидување и оценка на ризик на проектите изработка на план за следење на проектите;
•    следење на неправилности и изработка на извештаи наменети за ЦФЦД кои се однесуваат за можните или за утврдените неправилности;
•    следење на почитувањето на Европските правила за лого и формат на Европската комисија;
•    активности за учество во програмите и агенциите на Европската Унија;
•    соработка со Секретаријатот за европски прашања, Национален координатор за странска помош (НИПАК), Секторот  за централно финансирање и склучување на договори и други институции кои се дел од ИПА оперативната структура


Во рамките на ИПА програмата за 2007 – 2013 година  Министерството за внатрешни работи е краен корисник во следните проекти:

ИПА 2007
 ,,Поддршка за имплементација на Стратегијата за Полициски реформи“
Компоненти:
2)    Советодавна помош за поддршка на имплементација на Стратегијата за реформи

3)    Советодавна помош за подобрување на капацитетите  на релевантните чинители во борбата против организираниот криминал  со посебен осврт на трговијата со луѓе
4)    Обезбедување адекватна инфраструктура

ИПА 2008
 ,, Интегрирано Гранично Управување,,
Компоненти:
­    Понатамошна поддршка за имплементација на ТЕТРА системот
­    Надградба на  полициски станици за обезбедување на државна граница

ИПА 2009
„Поддршка за реформата на полиција и кривичното право“
Компоненти:          
­    Развивање на соодветна административна и организациска структура на полициските единици на регионално и локално ниво.    
­    Понатамошно јакнење на капацитетите на криминалистичка техника за истрага на местото на настанот.

„Градење на капацитетите на институции кои што го  спроведуваат законот за соодветен третман на задржани и притворени лица “
Компоненти:
1)    Обезбедување на професионализам на полициските служби гарантирајќи целосно почитување на фундаменталните права преку обезбедување на ефикасна и релевантна правна и оперативна рамка (Министерство за внатрешни работи) .                    
2)    Јакнење на капацитетите за организирање и управување на казнениот систем во државата обезбедувајќи целосна заштита на човековите права во третирањето на задржаните и осудени личности (Министерство за правда).

“Интегрирано гранично управување“-завршување на имплементација на ТЕТРА стандардите.




ИПА 2010
“Понатамошно јакнење на институционалниот капацитет во полициската служба”
Компоненти:
1)    Јакнење на оперативните капацитети на граничната полиција во борбата против криумчарење;
2)    Развој на капацитетите на Оддел за организиран криминал;
3)    Зајакнување на капацитетите за борба против финансиски и комјутерски криминал;
4)    Јакнење на капацитетите за општа надлежност на униформираната полиција

ИПА 2011
“Владеење на право“
Компоненти:
1)    Развивање на концепт на полициско работење со разузнавачки информации во рамките на централните, регионалните и локални полициски служби и регионалните центри за гранични работи во Бирото за јавна безбедност;
2)    Зајакнување на капацитетите на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во областа на амбиентално прислушкување

ИПА 2012/2013
„Секторски план за поддршка на Секторот за правда, внатрешни работи и човекови права“
Од предвидените 6 мерки/компоненти МВР е координатор на:

1.    мерка 2, Јакнење на националните капацитети за борба против организираниот криминал и
2.  мерка 5, Воспоставување на бекап систем на податоци од внатрешни работи како основа за идниот шенгенски систем. 


Корисни линкови:

1.    http://www.sep.gov.mk/content/?id=19#.UviKE6yMkyY

2.    http://cfcd.finance.gov.mk/

3.    http://ec.europa.eu/europeaid/index_en.htm

4. http://ec.europa.eu/europea/prag/document.do;jsessionid=LGJySv5KygZWPpP1jybyfTdnVcpYgvFPjNxzKNpqMhFLf5vqHFQD!1155267679

Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@moi.gov.mk | Најава