Одделението за меѓународна соработка е посебна организациска единица во рамки на Секторот за Европска унија и меѓународна соработка. Ова Одделение е одговорно за кординирање на меѓународната соработка на Министерството, а работата што ја врши е насочена кон воспоставување на односи на соработка и комуникација со претставници на дипломатско-конзуларните претставништва во земјата, странските организации, мисии и институции на ОН, Европската Унија, ОБСЕ, НАТО и други, изготвување и спроведување на меѓународни документи и комуникација на меѓународен план.
Одделението за меѓународна соработка, воедно е и единствената организациска единица во рамки на Министерството овластена за водење на постапка и одржување преговори за склучување договори за билатерална, регионална и меѓународна соработка, договори за преземање на лица со нерегулиран престој, меморандуми за соработка, како и подоготвка на сите останати документи со правна важност од областа на меѓународната соработка.
Основна цел на ова Одделение е да соработува со регионални и меѓународни организации, присутни во и надвор од Република Македонија, при тоа овозможувајќи им на претставниците на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија да учествуваат на разни меѓународни конференции и семинари, стекнувајќи искуство кое понатаму го пренесуваат во својата секојдневна работа.
Исто така, вработените во Одделението се одговорни за изготвување на материјали за потребите на Кабинетот на Министерот во делот на подготовка на Министерот за учество на меѓународни конференции, билатерални средби на високо ниво, организирање семинари, обуки и други настани во кои Министерството за внатрешни работи се јавува како учесник или организатор.
Во делот на надлежности на ова Одделение спаѓа и преведувањето на пишани документи, симултан и консекутивен превод, пред се за потребите на Кабинетот на Министерот, но и за останатите единици во рамки на Министерството.
Корисни линкови:
Обединети Нации
Европска унија
Пакт за стабилност на југоисточна Европа
Совет на Европа
Организација за безбедност и соработка на Европа
Женевски центар за демократска контрола на вооружени сили - DCAF
Конвенција за полициска соработка на Југоисточна Европа (PCC SEE)
SELEC
ICMPD
Salzburg Forum
MARRI Centar
Brdo Process