Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

  
Одделение за протоколарни работи

 

Одделението за протоколарни работи при Министерството за внатрешни работи е одговорно за обезбедување комплетна поддршка на активностите на министерот, заменик министерот, државниот секретар и директорите на бирото за безбедност и за контраразузнавање како и  придружба на министерот за време на протоколарни, работни и официјални средби и состаноци со меѓународни и домашни институции, организирање на најразлични манифестации, трибини  конференции и настани од доменот на односи со јавноста-кратко ажурирање и информирање за лицата или институциите со кои треба да се оствари средба, подготовка на презентации, изработка на работна агенда, подготовка на говори, организирање на работни патувања за министерот надвор од просториите на Министерството, како и прием на високи претставници и функционери од странство, нивно сместување и организирање на туристички прошетки.

Исто така Одделението за протоколарни работи е одговорно за организација на Меѓународни Форуми и конференции под покровителство на Министерството за внатрешни работи- како и конференции организирани во координација со други министерства и странски амбасади во Република Македонија, изработка и упатување на официјални покани до меѓународните посетители, избор на локација за настанот, подготовка на програма за настанот, обезбедување услови и координација за непречен тек на настанот како и однапред превземени безбедносни заштитни мерки за брзо решавање на непријатни и непосакувани ситуации.

Наталија Спирова-Кордиќ
Началник на Одделение за протоколарни работи
natalija_spirova@moi.gov.mk

д-р Добрила Срцева
Виш советник во Одделение за протоколарни работи
dobrila_srceva@moi.gov.mk

 

тел: +389 2 322 0772
тел: +389 2 314 2441
факс: +389 2 314 2550

 

 

Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@moi.gov.mk | Најава