Одделението за односи со јавност покрај континуираната комуникација со медиумите (домашни и странски) во рамки на своите работни задачи преку официјалната веб страница на МВР (www.moi.gov.mk) како и преку порталот www.uslugi.gov.mk остварува редовна комуникација со граѓаните по однос на различни прашања од нивен интерес. Одделението покрај редовната дистрибуција на разни видови информации од активностите на МВР и неговите сектори за внатрешни работи, е речиси постојан учесник во разните проекти, кампањи и други активности од јавен интерес а коишто се во делокругот на работа на Министерството за внатрешни работи.