Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

  

Согласно одредбите од Законот за странци, правните и физичките лица кои им даваат услуги на сместување на странците со наплата се должни да го пријават престојот на странецот на Министерството за внатрешни работи во рок од 12 часа од часот на давањето на услугата. Други лица кај кои странците престојуваат се должни да го пријават престојот на странецот во рок од 48 часа од часот на доаѓањето на странецот во полициската станица под чија што надлежност е адресата на престој. МВР, со цел да ја поедностави процедурата, притоа неускратувајќи ја можноста пријавувањето да се врши и преку посета на надлежната ПС, преку официјалната веб страна на министерството им овозможува на правните , физички и други лица пријавувањето на престојувалиштето на странци или државјани на Република Македонија да го направат и по електронски пат, преку пополнувањето на приложената апликација.

Прв чекор при пополнувањето на апликацијата е изборот на Полициската станица под чија што надлежност е адресата на престојување на странските или домашни лица.

Пополнувањето на сите означени рубрики е задолжително.

По доставувањето на апликацијата на мејл адресата од којашто е пратена истата, ќе ви стигне пораката - “вашата апликација е доставена“

Напомена: секоја злоупотреба на апликацијата е казнива со закон

Исто така, што се однесува до физичките лица кои пријавуваат престој на странци или домашни лица, оваа апликација може да се користи, меѓутоа тие сепак ќе мора во законскиот рок од 48 часа да ги пријават престојувателите и во Полициска станица каде што се води евиденцијата за ваквиот вид престојување, и каде што ќе добијат соодветна заверена потврда за пријавениот престој.

prijavi

Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@moi.gov.mk | Најава